По завршување на учебната година актуелни се запишувањата во средните училишта.СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка ги нуди сите услови за образовани кадри од гимназиското образование и средното стручно образование, стручен и соодветен наставен кадар и опремени кабинети за изведување на практичната настава. По завршување на првиот уписен рок (прво и второ пријавување) слободни места има и за вториот уписен рок, истакна директорот Миле Милковски.