Децата од Дневниот центар во посета на градоначалникот Митовски

Денеска, во посета на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски беа штитеници од Дневниот центар за лица со интелектуална и физичка попреченост од Крива Паланка, заедно со своите ментори.

Во пресрет на христијанскиот празник- Велигден, на градоначалникот Митовски му ги честитаа велигденските празници со симболичен подарок, рачна изработка од штитениците и притоа, изразија и благодарност до Општина Крива Паланка за поддршката и отворената соработка со Дневниот центар за лица со интелектуална и физичка попреченост.

Вие сте моите најдраги пријателчиња со големо срце. Ви благодарам што ме посетивте и ми донесовте преубав велигденски подарок изработен од вашите вешти раце со голема љубов и внимание и кон велигденската традиција и семејни вредности, кои вашите ментори и родители ви ги пренеле, Нека ни е честит Велигден и нека ни е за многу години,порача градоначалникот Митовки.

Големина на фонт
Контраст