Започнаа активности за асфалтирање на  пристапната улица кон градскиот зелен пазар

Градоначалникот Сашко Митовски заедно со стручните служби од општината, денес беше во обиколка на започнатите активности за асфалтирање на пристапната улица на просторот кон Градскиот зелен пазар.

Со овој проект, покрај обновувањето на коловозната конструкција со нов слој на асфалт, се уредува  јавната површина до зелениот градски пазар со асфалт се до “Шанин мост“ и се врши поставување на хоризонтална сигнализација со одбележување на паркинг места на новоасфалтираните површини.

Конечно и на задоволство на граѓаните од овој реон, како и на сите корисници на  Градскиот пазар, се добива и доплнителен паркинг простор и под комплексот на згради, кој ќе биде уредена јавна површина, каде воедно се гради и детско игралиште и просторот ќе биде и хортикултурно уреден и оплеменет.

Претходно на теренот беа извршени подготвителни работи, нивелирање на шахти, тампонирање, поставување на улични ивичњаци и сл.

Со  реализација на овој проект за поставување асфалт на вкупна површина од 2800 м2.  ги спроведуваме активностите, кои се дел од годишната оперативна програма за одржување и рехабилитација на улици и крпење ударни дупки за 2023г. и воедно  го менуваме и опленуваме ликот на овој дел од градот.

Со подобрување на локална патна инфраструктура ги подобруваме и условите за живот во општината, а тоа е наш приоритет и наша обврска. Затоа, работиме плански, одговорно и со срце за нашата Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст