Крива Паланка домаќин на Државно карате првенство 2023 за деца 10-13 години

Во саботата,8 април 2023, во спортската сала “Бранители 2001” Крива Паланка се одржа Државното карате првенство за млади од 10 до 13 години, момчиња и девојчиња, во кати и борби.

На првенството учествуваа над триста каратисти од 55 клубови во државата.

Присутните ги поздравија претседателот на Карате федерацијата на Северна Македонија, Петар Белистојановски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

-Големо е задоволството нашата Општина Крива Паланка да биде домаќин на еден ваков масовен и значаен спортски настан, Државно карате првенство за млади од 10 до 13 години,а уште поголемо е задоволството што за првпат сме домаќини на едно државно карате првенство.Тоа е јасен показател, дека она кон што стремиме со постојаните вложувања во спортската инфраструктура и во спортот, преку поддршката на клубовите и младите таленти ја прави Крива Паланка препознатлива на спортската мапа во државата.Прекрасна е глетката да се видат на едно место над 300 спортисти собрани со една цел, да го покажат најдоброто од себе и нивните тренери и родителите да се гордеат со нов.

Уште повеќе, мора да истакнам дека денес првенството e  токму во нашиот град,

благодарение на тоа што цели 2 децении, Карате клубот “Шампион” Крива Паланка

успешно работи и создава нови шампионски генерации во карате спортот. Карате клубот “Шампион” Крива Паланка и нивниот јубилеј ќе биде запаметен и одбележан и со овој масовен спортски собир на најдобрите млади каратисти од целата држава.

Честитки за работата на тренерите на шампионите, Стевче Христовски и Жарко Ангеловски, кои се заслужни што градот има со кого да се гордее, како спортски репрезенти и амбасадори, ќе набројам неколку од нив,а ги има многу, тука се: Христијан Димитриевски, Марија Спасовска, Јована Мицовска, Вукашин Јовановиќ, Теодор Павловски, само дел од плејадата успешни, повеќекратни државни прваци и репрезентативци, рече градоначалникот Митовски.

На ова првенство шестмина каратисти од Карате клубот “Шампион” се закитија со медали и се стекнаа со статус репрезентативци што ќе учествуваат на Балканско првенство 2023 година.

Големина на фонт
Контраст