Прва награда за учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка на Меѓународниот натпревар за камерна музика

Талентираните млади музичари од ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка, ученици од 9-то одделение, Теодор Смиљков и Леон Јанковски од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски, освоија прва награда на меѓународниот фестивал на камерна музика, во силна конкуренција од повеќе од 200 учесници од Република Северна Македонија, Република Хрватска и Република Бугарија.

Учесниците на натпреварот го покажаа својот талент, знаења и умешност во повеќе дисципини: пијано-четирирачно, состави со и без пијано, како и традицициони состави.

Меѓународниот фестивалот на камерна музика се реализира со поддршка од Министерството за култура и во соработка со Министерството за образование и наука, а се одржа во општина Кавадарци.

Големина на фонт
Контраст