Одржана третата сесија ОД ФОРУМОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА ВО Крива Паланка

Во големата сала на Советот на општина Крива Паланка, денес се оддржа третата форумска сесија од Проектниот форум, кој Општината го реализира во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Министерството за локална самоуправа.

Во рамки на третата форумска сесија, пред присутните беа презентирани вкупно седум предлог проекти, кои се произлезени како резултат од претходната сесија, на која беа предложени девет проектни концепти од страна на работните групи.

 Презентирани беа следниве седум предлог проекти:

  1. Реконструкција/Изградаба на автентична традиционална паланечка куќа во функција на зголемување на туристичката понуда.
  2. Формирање на туристички информативен центар со виртуелна мапа и е-промоција на туристичкиот потенцијал – презентација Дискусија и прифаќање на предлог проектот од страна на форумот.
  3. Поставување на хибридни фотоволтаични системи за обезбедување на енергија за спортска сала.
  4. Уредување на туристички локалитет с.Градец (црква, конак, школо, испосница и археолошки) – презентација Дискусија и прифаќање на предлог проектот од страна на форумот.
  5. Набавка на музичко-сценска опрема за организирање на културни настани и урбана опрема на амфитеатар.
  6. Збогатување на туристичката понуда преку изградба на ПУМП патека за велосипеди.
  7. Унапредување на туристичката понуда преку изградба на пешачка патека лев брег на Крива Река.

По презентацијата и деталениот опис на предлог проектите, беше отворена дискусија за раизиците, техничката изводливост, релевантноста, издржаноста, потенцијалите и сл. и беше дефинирана листата на прелог проекти прифатливи за реализација согласно критериумите на форумскиот процес, а за кои учесниците на форумот ќе го дадат својот глас на следната сесија.

Големина на фонт
Контраст