Градоначалникот Митовски оствари средба со Здружението на пензионери од Општина Крива Паланка и Ранковце

Во големата општинска сала, градоначалникот Сашко Митовски и стручни служби од општината се сретнаа со претставници на Здружението на пензионери од Општина Крива Паланка и Ранковце.

На средбата им беа презентирани програмите на локалната самоуправа и проектите од интерес за највозрасната категорија лица од нашата заедница за кои општината секогаш води грижа. Во таа насока, пред пензионерите беше презентиран еден од круцијалните проекти во интерес на ова категорија граѓани, на кој Општината интензивно работи, а тоа е проектот за изградба на Дом за стари лица во објектот на интернатот “Боро Менков”.

Во рамки на оваа средба, градоначалникот Митовски им го честиташе и изборот на новите членови на раководните органи на здружението, посакувајќи им успешна работа како и во досегашниот период.

Големина на фонт
Контраст