Одржана обука на општинските тимови на попишувачи за ажурирање на даночна дата база на данок на имот во Крива Паланка

Општина Крива Паланка денес организираше обука за ажурирање на даночна дата база на данок на имот, која е дел од најавениот процес за регистрирање и проценка на недвижен имот.

Денешната обука за општинските тимови на попишувачи, Општината ја спроведува во соработка со USAID, како дел од проектот за „Зајакнивање на капацитетите за искористување на ресурсите“ чија цел е подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација, подобрување на способностите на локалните власти за планирање и управување и спроведување на јавните средства.

Во рамки на денешната обука, општинските тимови на попишувачи на недвижен имот, најпрвин имаа можност подетално да се запознаат со последните законски измени од Законот за данок на имот и Методологијата за утврдување на пазарната на недвижен имот.  Од страна на обучувачите, беа презентирани чекорите за спроведување на теренските активности за ажурирање на даночната дата база и се работеше на конкретни примери за регистрација на имот со практични вежби за пополнување на даночни пријави за утврдување на данок на пазарна вредност и утврдување на данок на имот.

Целата на денешната обука за општинските тимови на попишувачи, беше подготовка на тимовите за теренска работа за собирање на податоци за имоти кои ќе бидат предмет на оданочување, идентификување на имоти, евидектирање и репроценка на недвижен имот кој е предмет на оданочување поради, неажурирана -застарена база на податоци на данок на имот или поради стара проценка, која несоодејствува со реалната пазарна вредност за недвижен имот.

Во наредните неколку месеци, полнувајќи од месец април, следува акција од страна на општинскте проценители со свои тимови, кои ќе ги посетат домовите на сопственици на имот, за да ги добијат неопходните податоци околу регистрирање и проценка на недвижен имот.

Сопствениците на имот при посетата на тимовите од Општина Крива Паланка, за спроведување на оваа законска обврска, е потребно да приложат документи за лична идентификација и документи за сопственоста на недвижниот имот. Новоизградените објекти, вклучувајќи ги и бесправно изградените објекти, се законски предмет на оданочување.

Целта на целиот процес на регистрирање и проценка на недвижниот имот, е утврдување на фактичката состојба на имотот, евидентирање на промените кои се случиле и праведно формирање на даночната основа.

Големина на фонт
Контраст