Во тек е реализација на проектот „Подобрување на општинските услуги“ со средства обезбедени од Светска Банка, а во рамките на кој Општина Крива Паланка ќе изврши изградба и реконструкција на девет улици и мост на Куков Дол.
[embpicasa id=”5894427696486534753″]
Во моментот се работи на подготовка за асфалтирање на улиците „Горан Стојановски“ и „Климент Охридски“ кои се во завршна фаза и во текот на наредните денови ќе бидат комплетно завршени.
Веќе се започнати и активности за реконструкција на улицата „Никола Тесла“ и изградба на улицата „Наско Тамбурков“ согласно со динамичкиот план, а наскоро ќе започне и работата на улиците „Осоговска“ и „Пиринска“ како и изградбата на мостот на Куков Дол.
Улиците ќе бидат со променлива ширина (3.5м – 7.0м) и должина (111.0м.-563.0м.) со атмосферска мрежа за улично одводнување и современ коловоз од асфалт БХНС 16.
Според Договорот со фирмата изведувач АД Ф-ка Карпош-Скопје и согласно со динамичкиот план целокупниот проект треба да заврши во април 2014 година, но според досегашниот интензитет на одвивање на работите се очекува тоа да биде порано од предвиденото.