Првоаприлски маскенбал за најмладите во Крива Паланка

По повод 1 Април-Денот на шегата, Oпштина Крива Паланка ќе организира несекојдневен весел настан за најмладите – Првоаприлски маскенбал.

Настанот ќе се одржи на 31.03.2023 (петок) на Градскиот плоштадот со почеток во 12.00 часот.

Со нови бујни идеи и креации со маски, ќе се престават учениците од одделенска настава од ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, како и дечињата од детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка.

Забавата под маски, насловена-Првоаприлски маскенбал, ќе започне од 11.00 часот со детско дефиле кое ќе се движи од Автобуската станица, низ главната улица „Св.Јоаким Осоговски“, па се до централниот грaдски плоштад, каде ќе се одвива програмскиот дел од овој весел настан.

Во рамки на настанот, предвидено е ревијално претставување на маскираните детски групи на плоштадот, каде учесниците  имаат можност да ја покажат својата креативност.

Оваа година настанот ќе биде збогатен и со културно-забавна програма и несекојдневен креативен перформанс на кловнови и жонглери, ликови и супер херои од популарните цртани серии, кои макар само на еден ден, ќе ја развеселат детската стварност.

Како за крај на овој најрадосен ден за најмладите, сите заедно ќе имаме можност да го проследиме и шоуто на популарниот магионичат Кристијан Шопов.

Повелете на Градскиот плоштад во петок на (31.03.2023 г. Од 12.00 ч.) и поддржете ја креативноста на најмладите кривопаланчани.

 

Програма:

11.00 часот:  Маскираните децата- учесници во дефилето, заедно со своите ментори/наставници, ќе го започнат дефилето од кај Автобуската станица.

11.00 ч. – 11.45 ч.  Детското дефиле под маски ќе се движи долж главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ до централниот Градски плоштад, каде ќе се одвива централната забава за децата.

12.00 ч. – На градскиот плоштад започнува забава со  програмски дел на настанот со ревијално претставување на групните маски и избор на најкретивна изработка.

Настап на јунаците од цртаните филмови- Биби и Боби

Забава со кловнови и жонглери о шоу на магионаичарот Кристијан.

 

Големина на фонт
Контраст