Започна меѓународниот фолклорен фестивал

МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ
„СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ 2009
26 -28.08.2009

Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски “ 2009 се одржува по четврти пат оваа година, во чест на големиот христијански празник Свети Јоаким Осоговски.  Организатор на фестивалот е КУД „Карпош“ во соработка со Општина Крива Паланка  и потпомогнати од Министерството за култура на Република Македонија. 

Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците во 19:00 часот, а во 19:30  на градскиот плоштад Фестивалот беше свечено отворен од страна на грдоначалникот на Општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски и претседателот на КУД „Карпош“, г-дин Миле Николовски.

Годинава на Фестивалот ќе земат учество фолклорните ансамбли Карпош , 8 Октомври и  Распеани Паланчани од Крива Паланка, Китка од с.Ораовица, Панче Пешев од Куманова, Златица од Златица и Пеј срце од Ќустендил – Република Бугарија  како и ФРА од Чачак Република Србија што на фестивалот му дава меѓународен карактер.

Големина на фонт
Контраст