Во општина Крива Паланка се оддржа Седница на општините од Североисточниот плански регион

Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски беше одржана осмата Седница на Советот на Североисточниот плански регион, на која присувствуваа градоначалниците на општините од регионот.

На Седницата беа разгледани концепти за изработка на предлог проекти предложени на регионалните форуми на заедницата, за аплицирање кон Бирото за регионален развој по програмите за регионален развој за 2023/2024. Во рамки на седницата, од страна на градоначалниците беше усвоена и приоритетна листа на проекти по овој повикот за аплицирање кон Бирото за регионален развој и беа дискутирани и други прашања и иницијативи од заеднички интерес на регионот.

Големина на фонт
Контраст