Честитки од градоначалникот Митовски за пензионерките по повод 8-ми Март

По повод претстојниот празник 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски ги посети членките на здружението на пензионерки на Крива Паланка и им го честиташе претстојниот празник.

Во оваа свечена прилика, градоначалникот Митовски се заблагодари и ги поздрави пензинерките во свое лично име и име на Општината и изјави:

„Почитта и вниманието упатени кон Вас се само еден мал чин на блaгодарност за се она што низ годините, сите вие со своето дејствување сте го оставиле како влог во заедницата. Сте оставиле белег на посебен начин во општественото живеење, без оглед на професијата или службата што сте ја извршувале. И иако ги уживате пензионерските денови, мора да признаеме дека сеуште како мајки и баби сте особено значајни за секојдневното функционирање на фамилиите, зашто грижата и љубовта што ги пружате на децата, на внуците – одржувајќи ги семејните врски, се од непроценлива вредност. Верувајте, таа топлина и срдечност што не одликуваат како народ, ние помладите од Вас ја учиме. Ви благодариме и за искуствата што ни ги пренесувате, за сите знаења и вредности со кои ги облагородувате сите околу вас. Затоа, во пресрет на утрешниот празник, ќе кажам – секој ден поминат со вас е празник. Ви го честитам 8 март и Ви посакувам да сте ни здрави и долговечни, да бидете среќни и секогаш да бидете опкружени со внимание, почит и љубов од најблиските“.

Големина на фонт
Контраст