Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Крива Паланка и општина Банско

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовки денес оствари прва официјална средба со градоначалникот на општина Банско, Иван Кадев, на која потпишаа и меморандум за меѓусебна соработка.

Оваа средба се реализира по заедничка иницијатива на двата градоначалника со цел воспоставување и зајакнување на пријателски односи и потпишување на меморандум за соработка помеѓу збратимените општини – Крива Паланка и Банско.

Меморандумот предвидува воспоставување на директна соработка, активно партнерство и размена на позитини искуства на повеќе полиња од социо- економскиот развој на двете општини, особено во делот на развојот на туризмот и промоцијата на европските вредности, можности за заедничка подготовка и импементација на проекти од различни области и од различни извори на финасирање, вклучително и проектите од Програмата на ЕУ за прекугранична соработка.

Големина на фонт
Контраст