Се одржа првата сесија од форумот во заедницата во Крива Паланка

Во големата сала на Советот на општина Крива Паланка, денес се оддржа првата форумска сесија од Проектниот форум, кој се реализира во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Министерството за локална самоуправа.

На првата форумска сесија присуствуваа осумдесетина граѓани кои се запознаа со активностите на форумскиот процес. Работеа на осум работни маси ( образование, социјална заштита, спорт, млади, култура, животна средина и општинска администрација) даваа приоритети на проблемите и предложија нивни решенија во рамки на дефинираната форумската тема – туризам.

По дефинирањето на работните маси, се премина на идентификацијата на проблемите и давање на предлог решенија за темите од интерес на учесницитте на форумот. Во текот на следните сесии од предложените решенија ќе се развиваат проекти, од кои учесниците ќе ги изберат најприоритетните за да аплицираат за реализација во рамки на проектниот фонд.

Големина на фонт
Контраст