Рели Калин Камен 2013

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

На 24 мај (петок) голем број учесници од мото и авто-клубови од земјава и странство, беа дел од петтото ревијалното рели „Калин Камен 2013“, кое се организира во чест на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“. Организатори на манифестацијата се Општина Крива Паланка и Авто мото клубот „Офф Роад Осогово“.

Колоната од џипови и мотори тргна од плоштадот во Крива Паланка и мина низ прекрасните предели на Осоговските Планини – Мождивњак, Острец, Бари, Костадиница, Бабина чешма, Царев Врв, Алтн чешма, Калин Камен се до манастирот Свети Јоаким Осоговски. Учесниците на релито, вљубеници во авантура и овој спорт, имаа можност да уживаат во недопрените убавини на Осоговието, да ја почуствуваат и да понесат со себе дел од магијата на планината.

Должината на патеката е 64 километри, од кои 80 отсто е неасфалтиран пат, а највисоката точка до која се вози е Царев Врв (2.085 метри), втор по височина врв на Осоговието.

На Царев Врв се приклучија и  рели учесниците од соседните општини, а на крајот сите учесници се собраа на традиционален заеднички ручек во манастирот „Свети Јоаким Oсоговски“, каде ги споделија своите впечатоци и доживувања со желба за повторно дружење на наредното шесто по ред рели Калин Камен.

Големина на фонт
Контраст