Делегација од Општина Крива Паланка во посета на збратимениот град Жупања-Р.Хрватска

Делегација од Општина Крива Паланка,  предводена од градоначалникот Сашко Митовски престојуваше во збратимениот град Жупања, Хрватска, на покана на тамошниот градоначалник, г-дин Дамир Јузбашиќ.

Повод за оваа официјална посета на Жупања беше, оддржувањето на популарната манифестацијата “56 Сокачко село” и  Покладните празнувања во градот, каде кривопаланчкото фолклорно друштво КУЗ „Карпош“ имаше и свој настап пред многубројните присутни.

Во рамки на посетата, градоначалникот Сашко Митовски заедно со претставниците од општината  имаа официјален прием во кабинетот на градоначалникот Јузбашиќ, каде остварија директна средба со заменик претседателот  Петар Буљевиќ и разговараа за идната соработка што ќе се реализира помеѓу овиее две општини, со можност за искористување на ресурсите и потенцијалите со кои располагаме како град.

 

Големина на фонт
Контраст