Општина Крива Паланка ја искажува својата солидарност и хуманост кон настраданото население во Турција и Сирија

Согледувајќи ја актуелната ситуација по однос на големата трагедија од земјотресот во Турција, Советот на Општина Крива Паланка денес оддржа вонредна седница, која е свикана по иницијатива на советничката група на СДСМ и коалицијата.

На вонредната седница, едногласно е усвоена одлука за доделување парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, сума во висина од 100.000 денари.

Во оваа прилика градоначалниот Сашко Митовски упати благодарност до сите советници за eдногласната поддршка на овој симболичен гест, со кој Општина Крива Паланка ја покажа солидарноста и хуманоста и подаде рака на виситнско пријателство на настраданите во најтешките моменти и во оваа прилика тој изјави:

“Ниту еден од нас не треба и не смее да остане имун на катастрофалната несреќа со која народот во овие две држави се соочува. Свесни сме дека, ништо не може да ги надомести изгубените животи, но согласно можностите на нашата мала општина, со отворени срца, со овој гест, искажуваме сочувство и мал придонес за помош и санирање на материјалните штети“, нагласи градоначалникот Митовски

Големина на фонт
Контраст