Потпишан договор за закуп на градскиот базен во Крива Паланка

Градоначалникот Сашко Митовски денес потпиша Договор за закуп  на градскиот базен со овластеното лице од Здруженито  „Ватерполо Клуб Крива Река’.

Со потпишувањето на овој Договор, градскиот базен во Крива Паланка ќе се стави во функција, а кривопланчани конечно ќе добијат летно катче за сите генерации.

Како што беше кажано од страна на закупецот, за успешното функционирање на градскиот базен „Ватерполо клубот- Крива Река“ планира да организира повеќе функционални содржини за повеќе спортски активности и привлекување посетители од соседството и регионот.

Се палнира и активирање на пливачката школа за најмладите кривопаланчани од сите училишта и клубови, отварање на ватерполо школа и формирање прв ватерполо женски клуб.

Договорот за користење на базенот е во период од десет години, а за овој временски период Градскиот базен ќе доживее вистинкска транформација во сите сегменти на функционирање, вклучително и во изнаоѓање на модели и начини за најекономично или алтернативно решение за затоплување на водата, изјави закупецот.

Големина на фонт
Контраст