Интензивни градежни активности за изградбата на тротоари на потегот од Осички мост до  спој со магистралниот пат А2

Градоналникот Сашко Митовски, заедно со стручните служби од општината денас беше во обиколка на градежните активности за изградба на тротоарите на ул. „Св.Јоаким Осоговски“ на потегот од Осички мост до спој со магистралниот пат А2, кој е со должина од 1 200 м.

Како што изјави градоначалникот Митовски, во тек е и тендерска постапка за реконструкција на овој коловоз, како и поставување на нов дрворед со декоративни садници-јапонска цреша.

Изградбата на тротоарите се рализира во рамки на проектот „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“ а средсвата за реализација на овој проект се обезбедени преку Центарот за развој на СИПР.

Големина на фонт
Контраст