Социјален дијалог за унапредување на средното стручно образование во Крива Паланка

Во Општина Крива Паланка денес се реализираше работна средба со тема „Учи паметно работи стручно“.

Работната средба е во организација на Општина Крива Паланка, а присувствуваа, Градоначалникот Сашко Митовски, претставници на бизнис секторот, директорите на двете  основни учиштата и средното општинско училиште, како и стручните сужби од општината.

Средбата се организира во рамки на  воспоставениот дуален модел на стручно образование на локално ниво со цел негово унапредување.

На денешната середба се водеше конструктивен социјален дијалог за да се идентификуваат реалните потреби од сручни кадри на бизнис сектор од една страна, како и дефинирање на наставните планови и програми, уписните политики и условите за престојниот конкурс за упис во средните улишта и потребата од отварање на нови профили или паралелки во СОУ „Ѓорче Петров“ за учебната 2023/24 година, од другата страна.

Во рамки на средбата беше констатирано дека искуството од воведувањето на дуалниот модел на стручно образование и учење низ пракса во СОУ „Ѓорче Петров“, се покажа како најефикасен начин за учење и стекнување со квалитетни знаења, во одредена стручна област.

Градоначалникот Сашко Митовски имаше свое обраќање пред присутните партнери во социјалниот дијалог, каде меѓудругото изјави:

„Воспоставениот дијалог меѓу компаниите и училиштата отпочна со кампањата на Министерството за образование и наука „Учи паметно-работи стручно“ и продолжува веќе трета година по ред и во нашата општина. Досегашното одлично искуство кај нас се базира на примерот на вкупно 5 дуални паралелки: „Машинска струка и електротехничка“ – двете во соработка со ДЕМА-СТИЛ ДОО КриваПаланка и АД Пролетер за автомеханичар, потоа „Угостителско –туристичка струка“ во соработка со ПАРК ГИНОВЦИ ДООЕЛ,  “Здравствена струка-медицинска сестра“, во соработка со Медицински центар Крива Паланка и „Градежно – геодетска струка“ во соработка со ЈП „Комуналец“ Крива Паланка и „Хантерс“ ДООЕЛ Скопје.

Благодарение на овие компании сите ученици што учат во овие паралелки, стручно и практично се усовршат во струката и имаат одлични шанси веднаш по образованието да добијат и вработување.  Истовремено, сакам да се заблагодарам на компаниите за соработката и сите вас да ве поттикнам, низ дијалог, заеднички да ги утврдиме реалните потреби на пазарот на трудот и потребите на вашите комапнии, за да отвораме можности учениците да се вклучат и обучат во вашите компании  и да оформиме подготвен кадар за тие работни места.

Ве повикувам, сите, конструктивно да дискутираме и размислуваме, да дејствуваме во насока за оспособување на што поголем број работна сила- млади луѓе, да станат продуктивни и задоволни и ќе можат полесно да се вработат во иднина.

Младите се нашата иднината и да направиме се што можеме, за да ги задржиме тука, во нашето убаво место и тие тука да ја гледаат својата перспектива и својата иднина“.

Големина на фонт
Контраст