Директорката на детската градинка Детелинка ја заврши својата благородна професија и заминува во пензија

Градоначалникот Сашко Митовски денес организираше пригодна свечена средба на која беше одбележано завршувањето на кариерата на досегашната директорка на ОЈУ Детска Градинка „Детелинка“, г-ѓа Мирка Јакимовска.

Во името на Општина Крива Паланка и во свое лично име, градоначалникот Митовски изрази голема благодарност на Јакимовска, која во својот работен стаж од 41 година, од кој 6-та година како директорка на оваа институција, покажа голема професионалност, посветеност, конструктивност, личен интегритет и придонес во унапредувањето на оваа најзначајна институција за растот и развојот на дечињата.

За нова директорка на  ОЈУ Детска Градинка „Детелинка“ е назначена г-ѓа Олгица Дејановски, вработна како дипломиран економист во градинката, на местото советник сметководител.

Големина на фонт
Контраст