Ново детско игралиште во градинката „Детелинка“

Детската градинка  “Детелинка”- објект “Поточиња” од денес во својот двор има уредено ново детско игралиште.

Ова ново детско катче е опремено со интересни детски реквизити, кои се обезбедени преку донација од страна на опшетсвено одговорната компанија  “Флекс кредит”.

Општината континуирано води  грижа за најмалите  и ги подобрува и унапредува условите за престој и живот на децата и како резултат на тоа во буџетот за 2023 година, издвоени се 3 милиони денари за детски игралишта и поставување урбана опрема.

Големина на фонт
Контраст