Општината организира заедничка прослава на Бадник на градскиот плоштад 

Бадникова поворка, Божиќни песни, пораки и свечености се дел од програмата на традиционалната бадникарска прослава “Коледе леде” што ја организира Општина Крива Паланка.

Прославата е закажана за петок,  6 јануари 2023, а неизоставен дел е делењето бадникови лепчиња со паричка.

Манифестацијата за прослава на Бадник започнува во 11 часот,од плоштадот “Карпошово востание” пред општината, со свечена бадникова поворка што ќе движи преку центарот на градот сѐ до храмот “Св.Великомаченик Димитриј”. Половина час подоцна на централниот градски плоштад ќе започне концерт со Божиќни песни, следуваат божиќни пораки и заедничка прослава на големиот христијански празник, Бадник со делење лепчиња со паричка од страна на годинашната кума на прославата, што минатата година имаше среќа да ја пронајде паричката на оваа централна прослава во градот, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Од општината ги поканија сите граѓани да присуствуваат на прославата и заедно да ја споделат радоста за најавата на Христовото раѓање.

Големина на фонт
Контраст