Општинските служби ги посетија итните служби во пресрет на новата година

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски и претседателката на Советот на општината, Изабела Павловска, заедно со општинските служби, ги посетија дежурните и итни служби од градот кои и во новогодишната ноќ се дежурни и на нивните работни места.

Во знак на благодарност за нивната деноноќна посветеност на безбедноста и здравјето на граѓаните, градоначалникот Митовски им посака успешна работа и во следната,2023 година,со желби за здравје, успех и бериќет.

Одговорните од општината ги посетија: Полициска станица Граничен премин- Исток, РС Македонија- Република Бугарија „Деве Баир”, Царинска испостава Деве Баир, Територијална противпожарна единица Крива Паланка, Гранична полиција, Шумска полиција , Итна медицинска помош, Македонија пат и Одделение за внатрешни работи, Крива Паланка.

–Упативме благодарност до сите дежурни служби и нивнире вработени за тоа што и оваа ноќ се на работа Исе тука за да се погрижат за беспрекорен тек на ноќта. Им посакавме мирна новогодишна ноќ, без инциденти и интервенции, и непречено одвивање на работните задачи во текот на наредната година, изјави градоначалникот Митовски.

Од општината им беа доделени и пригодни подароци на сите служби за потребите на нивната работа.

 

Големина на фонт
Контраст