Успешен традиционален новогодишен концерт на учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка

Музички талентираните ученици од ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка и оваа година приредија извонреден новогодишен концерт во Europe House Крива Паланка.

Новогодишниот концерт е музички настан што се одржува секоја година, кој и’ дава посебен шарм на предновогодишната празнична атмосфера и ги пренесува детските пораки и желби за Новата година.

На концертните изданија настапија 34 ученици од второ до деветто одделение, со композиции од Антонио Вивалди, Ј.С.Бах, Шопен, Штраус и многу други автори, изведени на пијано и хармоника.

Исто така со своите перформанси се претаставија училишниот хор и оркестар.

Публиката уживаше во настапите на талентираните ученици, наградувајќи ги со силни аплаузи.

Нивните наставници Лариса Жулина – Митовски, Дејан Ангеловски, Марина Станишковска Пешовска и Виктор Ристовски им посакаа забележителни настапи и големи успеси во следната година.

Атмосферата од концертот може да ја погледнете на следниов ЛИНК.

Големина на фонт
Контраст