Градоначалникот Митовски во посета на град Ќустендил

Делегација на општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Сашко Митовски, на покана на градоначалникот  г.  Петар Георгиев Паунов, денес оствари работна посета на град Ќустендил од соседна Р.Бугарија.

Од двете страни беше изразена волја за продлабочување на соработката, особено во искористување на достапните ЕУ Фондови.

Заеднички беше заклучено дека, Бугарија како членка на ЕУ има големо искуство за користење на ЕУ фондовите, и општина Крива Паланка од друга страна, како лидер општина во искористувањето на истите, треба заеднички да ги искористат придобивките од ова искуство, во насока на конкретизирана соработка и  ангажираност на администрацијата од двете погранични општини од овој регион.

Градоначалниците на Ќустендил и Крива Паланка искажа задоволство дека двата града можат да соработуваат на сите полиња, посебно на полето на туризмот, културата, спортот, животната средина, соработка со бизнис секторот и секако  продолжување на соработката во заедничка имплентација на Прекугранични проекти преку ИПА програмата.

Големина на фонт
Контраст