Потпишан договор за опремување и адаптација на Центар за девен престој за лица со активно стареење

Денес градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски потпиша Договор за грант за опремување и адаптација на Центар за дневен престој за лица со активно стреење.

Овој грант, општина Крива Паланка го доби како резултат на одобрена проектна апликација, поднесена во рамки на вториот јавен повик за доделување на грант за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ПУСУ Проект). Проетот ќе се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка.

Со овој грант, Општина Крива Паланка, ќе имплментира Проект со кој е предвидено да се изврши опремување и адаптација на Центар за дневен престој за лица со активно стареење, кој опфаќа простор за административна работа, дневна просторија со трпезарија, санитарно-хигиенска просторија, ходник и економско техничка просторија-чајна кујна. Исто така, овој центар ќе биде опремен со соодветна опрема за непречено вршење на работата и активностите, како што се: маси и столчиња, бироа, комјутери, принтери, проектор, клима уреди и друг мебел и техника. За дел од активностите ќе бидат превземени и градежни работи за адаптација на објектот на ООЦрвен крст- Крива Паланка, а за негово успешно функционирање, ќе бидат набавени и електрични мопеди за пресоналот и 10 велосипеди за дополнителни рекреативни активности за виталните корисници по воспоставување на услугата.

Во рамки на настанот за потпишување Договори за грант, беа презентирани резултатите од повикот, како и следните чекори во развојот и имплементацијата на избраните проекти и социјални услуги.

Министерството за труд и социјална политика во соработка со општините, кои ќе реализираат проекти по овој јавен повик, го продолжува процесот на децентрализација и плурализација на социјалните услуги од интерес на граѓаните на локално ниво.

Големина на фонт
Контраст