Богата програма на годинашниот новогодишен базар во Крива Паланка 

– Музички концерти, жонглери, кловнови, настапи на популарни детски изведувачи, новогодишна кочија и свечено пристигнување на Дедо Мраз на централниот градски плоштад се она што го нуди Општина Крива Паланка на програмата на годинашниот “Новогодишен базар 2022”.

-Крива Паланка обоена во боите на радоста, среќата, за сјајни моменти во екот на предовогодишните случувања и весели празнувања, повторно организира новогодишен базар со богата програма. Програмата опфаќа содржини за сите генерации, како предновогодишен подарок за сите жители на градот,но и на сите посетители кои и овојпат очекувам да бидат наши гости, а за сите освен прекрасното украсување и програмата со музички и забавни содржини, достапни се разни видови сувенири, храна, пијалоци и украси во куќарките на базарот поставени во реонот на плоштадот, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Програмата на новогодишниот базар ќе трае пет дена,со интензивна агенда што започнува во вторник,27 декември, сѐ до денот на пречекот на новата година,31.

Од 27 до 31 месецов на програмата ќе настапат: ДНК и “Тајфата”,”Браво бенд” и Слаткаристика, Влатко Лозаноски, “Артист бенд”, а петокот и саботата се резервиран за најмладите: на пладне, 30 декември настапуваат младите од “Дајте музика”, дополнение со настап на Дарко Ѓурчиновски, кловн, а 13:30 пристигнува Дедо Мраз. Во петокот вечерта “Брас брадрс” и Некст тајм. И саботата пладневната програма се кривопаланечките ѕвездички од “Распеано Симитче”,а по нив, Христијан Настески-Пајак и Јован Петровски.

Од општината ги повикаа сите од регионот и пошироко да го посетат градот и заедно да празнуваат и да се радуваат, уживајќи во новогодишната магија.

Големина на фонт
Контраст