Градоначалниците Сашко Митовски и Рамиз Мерко воспоставија прва деловна соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Струга

На иницијатива на територијалната противпожарна единица Крива Паланка, остварена е деловна соработка помеѓу Општините Крива Паланка и Струга, со која територијалните противпожарни единици од двете општини извршија размена на специјални возила.

Соработката е официјализирана и со одлуки и договори од страна на градоначалниците, Сашко Митовски на Општина Крива Паланка и Рамиз Мерко, градоначалник на Стругa, кои потпишаа договор за пренесување на правото на сопственост на движна ствар, за потребите на двете противпожарни единици.

„Со мојот колега, градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, ја посетивме Територијалната противпожарна единица во Крива Паланка и извршивме увид на возилата што се предмет на обостраните усвоени одлуки за размена и пренос на сопственост,за потребите на двете противпожарни единици. Ова е почеток на една конкретна и директна соработката меѓу општините Крива Паланка и Стуруга и таа со сигурност ќе продолжи и во периодот што следува, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Од страна на ТППЕ Крива Паланка е предадено возило – ПП цистерна “Scania 112H”, а за возврат е добиено специјализирано возило (ПП навално 4х4 “Iveco-Magirus”) погодно за ридско планински терен и за сите тешко пристапни места и локации согласно конфигурацијата на теренот во општина Крива Паланка. -„Возилото ќе се користи и при пожари на отворено, бидејќи досега нашата единица располага само со едно такво теренско возило, додека возниот парк се состои од вкупно осум возила. Благодарност до градоначалниците Митовски и Мерко, како и командирот на ТППЕ Струга, Фети Мазари, за одличното разбирање и остварената размена, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Во оваа прилика своја изјава имаше и градоначалникот Рамиз Мерко кој пред прутните рече: „Територијалната противпожарна единица во Струга одамна е опремена со многу нови реквизити, а од денес е опремена и со противпожарно возило со капацитет од 11 тони, што не само што ќе ја олесни работата на НЈТЗ Струга, туку ќе придонесе за побрза постапка во гаснењето пожари. Со оваа инвестиција возниот парк се збогатува и обновува, а работата на ТППЕ Струга се унапредува“.

Големина на фонт
Контраст