Крива Паланка блесна во новогодишен сјај

Жителите на Крива Паланка од синоќа можат да уживаат во претпразничната магија во пресрет на новогодишните празници.

Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот,за нови насмевки, радост и незаборавни моменти за време на највеселите празнични денови што претстојат.

-Детски радосни лица, исполнети со среќа срца и мигови за паметење – за тоа сме тука, и ние во општината, но и нашинците на кои при срце им е татковината, рече градоначалникот Сашко Митовски

Тој посака сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка.

-Сегогаш е задоволство кога тоа што го работиме, го работиме со љубов. Работиме со срце за Крива Паланка, додаде Митовски.

Тој упати благодарност до иселениците од градот,од Франција, Германија и Соединетите Американски држави, кои овозможуваат и во услови на енергетска криза градот да биде празнично украсен.

Благодарност за несебичната помош на “ГДР”компани, Франција и вработените, Горанчо Јакимовски и “Феникс Фенетрес”, Франција, “Селект кафе”, “Етно гостилница Воденица три”, Крива Паланка, Дени Јовановски и “МАК БАУ”, Даниел Ѓоргиевски, “Селект One Inc”.

Без средства од општинскиот буџет, водени од минатогодишното искуство, радоста на граѓаните, позитивните реакции на жителите и посетителите, одговорните од општината повторно ја донесоа , благодарение на иселениците, празничната атмосфера во градот.

Се е подготвено и наскоро ќе отпочне и новогодишниот базар на централниот градски плоштад, со културно – уметничка програма за сите генерации.

Големина на фонт
Контраст