Со 11 милиони денари реновиран објектот на секцијата на Македонија пат во Крива Паланка

Објектот на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта во Крива Паланка е реновиран по 60 години од изградбата.

Денес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, генералениот директор на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, , Костадин Ацевски, во присуство на Сашо Тодоровски, технички директор на подружница Скопје и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, извршија увид во објектот.

Реновирани се два објекти: секција Крива Паланка и пункт, Страцин, во рамки на годишната програма за зимско одржување на ЈП Државни патишта за реконструкција на пунктовите за зимска служба.

-Реновирањето опфати целосна замена на врати и прозорци со ПВЦ-столарија, реновирање на ѕидовите во ентериерот, поставено е централно парно за топлење, реновирање на тоалети со комплетно нова санитарија, реновирани се и кујните за оброк на работниците и опремени со нови кујнски елементи и електрични апарати, комплетно опремени соби за престој на вработените, изјави раководителот на секцијата, Боби Димитровски.

За реновирање во Крива Паланка се вложени 11 милиони денари, за санација на објектот на дежурна служба во Крива Паланка вложени се 7 милиони денари и 4 милиони денари за хангарот за абразивни материјали.

-Овие изминати години, од 2017 година наваму, благодарение на заложбите на министерот Николовски,во овој реон ЈП за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта има работено многу,во селата Луѓе, Огут, на реонот од Ранковце кон Крива Паланка, а и сега, со реновирање на овој пункт,ќе може да се пружаат поквалитетни услуги, но и вработените ќе имаат поквалитетни услови за работа и за извршување на сите редовни активности, сите вработени ќе потврдат дека сегашната состојба е драстично различна и многу добра, споредено со претходно, така што може да кажеме дека овде, во службата, ги имаат и можеби најдобрите услови во државата, рече Ацевски.

Големина на фонт
Контраст