Пуштена во употреба надградената и реконстурирана градинка „Детелинка“ – објект „Поточиња“

Денес во Општина Крива Паланка официјално е пушен во употреба надградениот дел од реконстурираната градинка „Детелинка“- објект „Поточиња“.

Реализацијата на овој Проект директно ги покажува ефектите од социјалната реформа што ја спроведува Владата преку Министерството за труд и социјална политика достапни за младите семејства од општина Крива Паланка. При проширувањето на капацитетите на градинката „Детелинка“ со новиот објект „Поточиња“се создадоа доплнителни 102 места за згрижување на дечиња од предучилишна возраст, со што значително се прошируваат капацитетите на оваа социјална услуга во општината.

Постојниот објект на градинката „Детелинка“ во Крива Паланка преку надградбата доби пет нови занимални, од кои една е наменета за деца до двегодишна возраст, а останатите четири се за хетерогени групи на деца на возраст од шест години. При изведбата на градежните зафати користени се современи градежни материјали кои овозможуваат висика енергетска ефикасност на објектот.

Во надградбата на објектот инвестирани се речиси 27 милиони денари, од кои повеќе од 22 милиони денари се вложени во градежните работи, а околу 4,7 милиони денари, во набавка на мебел и опрема.

На свеченото отварање на градинката присувствуваше и министерката за социјална политика Јована Тренчевска, која пред присутните изјави:

„Нема поголемо задоволство за мене, кога ги гледам плодовите од напорната работа, како и заедничката соработка со општините. Особено ми е драго кога станува збор за имвестиции во предучилишното образование и унапредување и зголемување на капацитетите на градинките. Ние како Министерство и Влада, сме целосно посветени на решавање на горливите прашања на родителите и згрижување на нивните деца и оттука, наша обврска е да инвестираме токму на тоа поле.Затоа, денес со голема чест и задоволство сум тука за отварање на градинката, која е особено заначајна за локалната заедница.Со надградбата на стариот објект, кој е граден далечната 1973 година, го зголемуваме нејзиниот капацитет и се подобруваат условите за престој на дечињата. Истовремено преку овие активности директно придонесуваме кон решавање на проблемот со лисите на чекање во општина Крива Паланка“.

Овие активности во градинката во Крива Паланка се реализираат во рамки на Компонетата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги, реалзиран со поддршка од Светска банка и е дел од сеопфатната социјална реформа, која ја спроведуваат Владата и министерството за труд и социјалана политика. Преку оваа компонента се овозможува зголемување на опфатот на деца и се унапредуваат условите во градинките.

Надградбата на градинката во Крива Паланка е релизирана во соработка со општината, која доби грант за проширување на објектот, а обезбеди и доплнителни средства, во износ ос речиси 1,9 милиони денари.

“Срцата ни се полни со радоста на дечињата од општината! Меѓу нашите врвните приоритети се подобрување на условите во општината и создавање на нови можности, со што ќе ја направиме Крива Паланка подобро место за живеење и ќе ги задржиме младите. Затоа од денес, дечињата ќе престојуваат во најсовремени и модерни услови, по сите стандарди за ваков тип установи, за учење и развој преку игра, најзначајно за воспитно-образовнито процес во претшколска возраст.

Овде се градат основите на секоја млада личност, оттука, од најубавото време во животот-детството, се носат најубавите спомени. Горди сме на она што ќе остане наш траен влог во уште поубаво, среќно и безгрижно детство на идните поколенија.Преку партнерскиот однос со Министерството за труд и социјална политика решивме еден голем проблем во општината. Инвестирани се 27 милиони денари од кои над 22 милиони за градежни материјали и 4.7 милиони денари за мебел и опрема.

Капацитетот е зголемен за 105 деца со нови 5 занимални,а градинката е приспособена за нормативите за лица со попреченост. Објектот придонесува кон заштита на животната средина, со новиот, современ,систем на греење на пелети,нова термо-енергетска фасада и замена и на столаријата и кровната конструкција.

За оваа намена обезбедени се дополнителни 15 милиони денари, дел од сопствени извори, дел преку Министерството за економија, како и од донации од Норвешката амбасада и ФООМ (Фондација отворено општество Македонија).

Наш врвен приоритет е создавање подобри услови во општината за нови можности со што ќе ја направиме Крива Паланка подобро место за живеење и ќе ги задржиме младите“, истакна градоначалниот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски

За зголемување на капацитетот на услугите во градинките се реализираат и обуки за кадарот во градинките и центрите за ран детски развој. На тој начин се создаваат подобри основи за имплентација на новите наставни програми. Овие обуки ќе продожат и во наредниот период.

„Навистина сме горди што созадовме квалитетни услови за нашите дечиња, кои можат да се стекнат со солидни знаења и вештини во рамки на воспитни-образовните програми за деца од предшколска возраст“ истакна Мирка Јакимовска, директорка на ЈУОДГ „ Детелинка“.

Досега преку Проектот за подобрување на социјалниуте услуги е финасирана изградба, реконструкција или надградба на 16 градинки во државата, од кои 8 се веќе започнати со работа, со то се обезбедува нов капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст, капацитети од приближно 2 000 места.

Големина на фонт
Контраст