Работен состанок со комуналните служби

Градоначалникот на општината Крива Паланка  одржа конструктивен работен состанок  со раководителите и одговорни лица  на клучни сектори за комунални услуги од  јавното комунално претпријатие Комуналец како што се: водоснабдувањето, јавната чистота, одржување на јавните површини, собирањето на отпадот, одведување на отпадните води, подигање и одржување на урбаното зеленило, зимско одржување на јавните површини, комунална опременост и слично, заедно со службените лица за вршење на комунален надзор и контрола при општината.

Целта на состанокот беше согледување  и анализа на  состојбите  од комуналната сфера, реализација на програмите, евидентирање на слабости  и проблеми, подобра организација, меѓусебна координација, утврдување на приоритети, зајакнување на контролата  како и припрема и подготвеност за давање на комунални услуги  во претстојниот зимски период односно во зимски услови.

На состанокот беше констатирано дека во тековната година се направени значителни исчекори во комуналната сфера, односно е подигнато нивото во давањето на наведените комунални услуги ,  модернизација и урбаниот пристап на истите но е констатирано дека може  да биде и уште подобро ако се  подобрат одредени слабости и проблеми кои се констатирани како такви, а се од особен интерес за граѓаните.

Големина на фонт
Контраст