Во Крива Паланка се одржа трибина за здравствени и социјални услуги за стари лица

Во рамки на неделата на грижа за стари лица, Општинска организација на Црвен крст и РЦС „Спектар“ во соработка со општина Крива Паланка, организираа работилница на тема „Здравствени и социјални услуги за лицата од трето доба“.

На работилницата учествуваа околу шеесет возрасни, стари лица Крива Паланка, пензионери и корисници на услуги од Нега центарот на општинскиот Црвен крст, пред кои беа преставени социјалните услуги кои на локално ниво ги добиваат возрасните лица од трето доба, пред се благодарение на локалната самоуправа, која во партнерство со Црвенито крст реализира низа активности за грижа и социјализација на оваа категорија лица.

Пред присутните граѓани свое обраќање имаше градоначалникот Сашко Митовски, кој изјави:

-„Општината прави напори во изминатите години да се обезбедат што поквалитетни социјални услуги и нови вон-институционални форми, за старите лица. Во делот на нашите законски надлежности и во рамки на буџетските можности, ние како општина се трудиме максимално да ја пружиме поддршката за нашите највозрасни сограѓани и како резултат на тоа во изминатиот период креираме мерки за поддршка на сите категории лица, вклучително и пензионерите и највозрасните. Во соработка со ОО Црвен крст, пружаме услуга за нега и грижа на стари лица во домашни услови со кој се опфатени вкупно 71 корисник, а како Општина аплицираме и за зголемен опфат на овие лица преку обука и сертифицирање нови негуватели.

Општина Крива Паланка годинава доби значаен проект од оваа област, проектот за Дневен центар за престој на стари лица,а во завршна фаза на проектирање е долгонајавуваниот Дом за стари лица, кој предвидува адаптација и пренамена на постојниот Ученички дом, изјави Митовски.

Секретарот на ОО Црвен крст, Крива Паланка, Дарко Пешовски, рече дека социјалните услуги на локално ниво постојано се унапредуваат и прошируваат, токму благодарение на партнерството со Општината и поддршката од надлежните министерства, како МТСП и меѓународните организации, како и Светска банка.

„Крајните корисници, нивното задоволство, нивната вклученост во заедницата, зглемениот квалитет на живот на лицата од трета доба, како и бројот на реализирани часови за нега на старите лица, од едвај 500 часови месечно во октомври минатата година, денес испорачуваме над 3000 часови. Така ќе биде и во Дневнито центар, ќе почнеме од нула и ќе градиме силна институционална поддршка на лицата од трето доба, со голем акцент на нивна психо-социјлана ревитализација“, рече Пешовски.

Работилницата ја организираа РЦС „Спектар “,Крива Паланак и НВО Инфоцентар ,Скопје во партнерство со општинската органзиација на Црвен крст како дел од проектот „Активни граѓани и апртиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“, Шведска.

Големина на фонт
Контраст