Нови собирни контејнери за електронски и електричен  отпад

Општина Крива Паланка продолжува со активностите согласно законската регулатива за селекција  и соодветно управување и пострапување со отпадот и заштита на животната средина.

Со оваа намера Општината Крива Паланка, во соработка со Јавното претпријатие Комуналец  во изминатите неколку месеци склучи неколку Договори со лиценцирани  колективни постапувачи  за разни видови на отпад кој може и треба да се рециклира, а кои како оператори ќе имаат обврска да постават соодветни садови  и подигање на определениот  вид на отпад од  подрачјето на градот и приградските населби.

Со цел  создавање на услуги поблиску до граѓаните  Општината  го проширува опфатот за одлагање на електронски и електричен отпад кој е особено опасен за животната средина, со поставување на  соодветни садови поблиску до местото на живеење.

Во таа насока,  денеска  од страна на колективниот постапувач „Екон Електрон“ на три локации  во градот се поставени соодветни садови за овој вид на отпад и тоа: еден  пред големиот мост кој ќе служи за граѓаните од Бадлаг, Бавчалк и Лозаново, еден  спроти Ученичкиот дом Боро Менков  кој ќе служи за граѓаните од населбите „8ми Октомври“ и Дурачка Река, како и еден поголем контејнер поставен на Главната улица, пред објектот поранешна Кланица, спроти ЈП „Македонскии шуми“ кој е од од затворен тип, а кој ќе служи како собирен центар за поголеми електрнски апарати и уреди кои не се во употреба, а од кои граѓаните имаат потреба да се ослободат.

Поставување на  соодветни садови  за селекција на отпад  ќе се поставуват со поголем интензитет во наредниот период и затоа се молат граѓаните истите соодветно да ги практикуваат.

Големина на фонт
Контраст