Градот ќе блесне во новогодишен сјај и оваа година

– И во услови на криза, нашата убава општина  ќе блесне во новогодишен сјај благодарение на донациите и поддршката на нашинците, иселениците од градот и нивните успешни компании во Германија, Франција и САД.

Според Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, водени од  минатогодишната позитивна атмосфера и реакции и на жителите и на посетителите, како и на она што ја направи нашата општина град атрактивен за посета за време на новогодишните и божиќни празници, одлучивме без средства од општинскиот буџет, со поддршка од иселениците, да договориме новогодишно украсување за новогодишната радост, која доаѓа со празничната атмосфера.

-Радоста и среќата на граѓаните, на најмладите и дечињата, се мотив да овозможиме градот и годинава да блесне во новогодишен сјај. Во услови на енергетска криза и без трошоци од Општинскиот Буџет, со желба Крива Паланка да ги усреќи дечињата со празничнен лик и атмосфера, тоа го овозможуваме благодарение на нашите иселеници кои се секогаш тука за нас. Нивните успешни компании носат радост за паланчани, за што од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Крива Паланка, од име на најмалите дечиња јавно им се заблагодарувам на: “Мак-Бау”,Германија ,”ГДР Компани”, Франција и вработените во оваа компанија , “Селект уан”, САД и “Феникс Фенетрес”, Франција. Благодарност до сите што овозможуваат градот повторно, како претходната година,да биде празничен, радосен и полн со посетители за време на новогодишните празници, рече градоначалникот Митовски.

Тој најави дека и годинава на централниот градски плоштад ќе се одржи новогодишен базар со културно забавна програма за сите генерации и ги повика сите останати кои се во можност, да донираат и помогнат за најважното, детската среќа и насмевки.

Големина на фонт
Контраст