Одржана јавна дебата за дефинирање приоритети пред објавување јавен повик за граѓанските организации

Во просториите на Европската куќа (EU House), Општина Крива Паланка, денес се одржа јавна дебата чија тема беше дефинирање на приоритетите пред обрајување на јавен повик за граѓаниските организации. На дебатата учествуваа околу триесетина учесници од неколку граѓански организации.

Како предлог приоритети беа издвоени: Активности за спречување и препознавање на разни видови насилство и дискриминација кај младите, Проекти за младинска партиципација и младински активизам и волонтеризам, Актинвости за едукација и превенција од разни видови зависности кај младите, Поддршка на проекти и активости за социјална инклузија на младите особено од ранливи групи и од руралните средини и Подршка на активности за подобрување на психо-физичкото здавје кај младите, особено на ранливите групи.

Овој, унапреден пристап на Локалната самоуправа, подразбира обрајување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои ќе треба да изготват предлог проекти во дадената област-млади. Понатака, проектите ќе бидат отценувани од страна на комисија.

Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резулатати за локалното население.

 

Големина на фонт
Контраст