Ново детско игралиште во населба Маневци

Општина Крива Паланка го реализира проектот изградба на детско игралиште во населба Маневци за среќа и радост на најмладите жители на ул.”8 Октомври”.

Детско игралиште е изградено со целосна донација од годишната плата на градоначалникот Сашко Митовски., а дечињата од населба Маневци сега можат да уживаат во безгрижни, разиграни денови со игра и смеа на новото детско катче.

Со реализација на овој проект, остварено е уште едно јавно ветување на градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски, да ја донира својата годишна плата, а воедно и да работи одговорно,транспарентно, отчетно.

– До крајот на мандатот нашата цел е, секое урбано место да добие вакво слично детско катче. Нема поубаво чуство кога знаеш дека твојата енергија и време ги трошиш за среќата и радоста на дечињата, изјави градоначалникот Сашко Митовски, потенцирајќи дека работи со срце за Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст