Кампањата „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” и во општина Kрива Паланка!

Со единствена цел секое дете да расте во топол дом и да добие шанса за светла иднина, настанот е со цел промоција на згрижувањето и информирање за бенефитите и условите за истото.

На 01.12.2022 – четврток, со почеток во 13.00 часот, во Големата сала при Општината, посетете не и дознајте ги придобивките од згрижувањето, како и начинот на кој може да се  стане згрижувач.

Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во 26 општини во Републиката во 2022, а е во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,Битола” и “11 Oктомври”, Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.

Настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат, повеќе за згрижувањето.

Згрижувачите добиваат месечен надомест за згрижено дете (16.788 мкд за секое згрижено дете), надомест за згрижувач, услуга на стручна помош и поддршка преку центри за поддршка за згрижувачки семејства, како и други придобивки, од кои и траен надоместок од државата со навршен стаж од 15 години згрижувач.

На овој начин, згрижувачите учествуваат во можеби најхуманата активност – заштита на детето, прават вистинска промена и менуваат не само еден живот – но цели генерации.  преку што, истовремено ја намалуваат стигматизацијата во општеството за децата во недостиг од соодветна грижа.

За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информации за тоа како да станат згрижувач, можат да добијат на телефонскaта линија 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mk

ПОВЕЛЕТЕ, ПОСЕТЕТЕ ГО НАСТАНОТ НА ДЕН 01.12.2022 и ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО МОЖЕ ДА СТАНЕТЕ ЗГРИЖУВАЧ.

На настанот ќе присуствува Министерката за труд и социјална политика, г-а Јованка Тренчевска, Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г. Сашко Митовски, како и Директорот на Центарот за социјална работа, г. Гоце Цветковски.

Големина на фонт
Контраст