14ти Интернеционален Театарски фестивал – Свети Јоаким Осоговски 2022

На 26.10.2022 година со доделувањето на традиционалната награда на фестивалот за заслуги во развој и промоција на театарската уметност ќе започне официјално и 14тиот по ред Интернационален Театарски фестивал Свети Јоаким Осоговски.

Оваа година добитник на наградата е познатиот актер Драган Спасов ДАЦ, а свечената промоција ќе се оддржи на 26.10.2022 година во 12 часот во просториите на Општина Крива Паланка.

Промотори на лауреатот ќе бидат м-р Гоце Ристовски и познатиот актер Благоја Чоревски.

На 27 и 28.10.2022 година ќе се продолжи со настанот ГИГАФЕСТ организиран во чест на младиот кривопаланечки деец м-р Глигор Цветковски, кој минатата година прерано не напушти во екот на пандемијата со ковид-19.

Театарскиот фестивал ќе продолжи на 30.10 и во почетокот на месец ноември со театарски претстави од земјата и странство.

На кривопаланчана останува да се подготвата и уживаат во театарскиот фестиал со нови комедии и перформанси на познати театрски актери и дејци.

 

Големина на фонт
Контраст