Поставена е еластична одбојна ограда на повеќе локации во градот

Во изминатиов период во рамките на тековно одржување на локалните улици и патишта се изврши поставување на еластична одбојна ограда на критични точки на регулацијата на Белевски Дол и Скрљавски Дол и на ново изградени потпорни ѕидови на улица Никола Тесла, лев крак.

Средствата за поставување на оградата во вредност од околу 600.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка.