Конституиран новиот состав на локалниот совет за превенција во Крива Паланка

Денеска, се конституираше новиот состав на локалниот Совет за превенција при Општина Крива Паланка, со кој претседаваше градоначалникот на Општина Крива Палканка, Сашко Митовски.

На конститутивниот состанок на ова тело, присувствиваа претседателот на Советот на локалната самоуправа, Изабела Павловска заедно со преставници од Советот, командирот на ПС МВР Крива Паланка, Дејан Маринковски со помошник командирот за ЈРМ и Превенција,Зоран Николовски, како и преставници од локалните институции и јавните служби – образование, здравство, центар за социјални работи, ОО Црвен крст, противпожарна служба, комунално препријатие, црква, НВО и медиуми.

Градоначалникот на Општина Крива Палканка, Сашко Митовски во своето воведно излагање пред присутните, ја потенцираше улогата на Локалниот совет за превенција, како и целата која треба да се постигне, а тоа пред се значи, подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општината, како и градење на доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите кои влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата и дефинирање на приоритетните проблеми на граѓаните и изнаоѓење начини за решавање на истите.

„За нашата подобра и побезбедна сегашност и иднина, денес сме сите заедно овде, полиција, раководители на организации, институции од државно и локално ниво, индивидуалци, од сите области на секојдневното живеење, со една заедничка соработка, координирано да почнеме да ги идентификуваме проблемите во нашата локална средина, да ја дефинираме нашата политика на работа и да изнајдеме конкретни мерки и одлучни чекори за имплементација на заедничко партнерство во еден наш општински Локален Совет за Превенција“, изјави пред присутните градоначалникот Митовски.

Локалниот совет за превенција всушност, претставува еден вид сервис на граѓаните, а неговата работа ќе ја зголеми довербата меѓу владините институции, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и граѓаните, и ќе ја подобри нивната меѓусебна комуникација.

На денешниот конститувен состанок, конкретмо беа дискутирани актуелни теми од секојдневниот живот на греаѓаните, теми од безбедносен карактер и беа костатирани приоритни активности, кои треба да се реализираат до крајот на тековната година во заедничка координација на сите членови на Локалниот совет за превенција. За таа цел беа донесени и конкретни заклучоци со делегирани обврски за изготовка на опертивен план и извршување на конретни задачи.

Записник од одржаниот работен состанок на Локалниот совет за превенција

Големина на фонт
Контраст