Општина Крива Паланка ќе ги стипендира најдобрите ученици, студенти и спортисти од градот

Општина Крива Паланка ќе додели стипендии за талентирани ученици, средношколци и студенти, акко и за најуспешните спортисти во екипни и индивидуални спортови во изминатата учебна година и натпреварувачка сезона.

По усвоените одлуки од страна на Советот на Општина Крива Паланка, распишани се конкурси за доделување стипендии на ученици-спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови кои учат во основните училиштa на подрачјето на Крива Паланка и средните училишта од Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година, поддршка на млади таленти, средношколци и студенти, а студентите дополнително можат да аплицираат за субвенциониран превоз за студиската 2022/2023 година и тоа сите студенти кои студираат на државните универзитети во Скопје, а се жители на Крива Паланка.

Стипендиите за ученици-спортисти во индивидуални и екипни спортови ќе се доделат на ученици кои учат во основните училиштa на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Република Северна Македонија. Предвидени се два вида стипендии и една посебна награда и тоа: четири стипендии на талентирани ученици – спортисти во индивидуални спортови и четири стипендии во екипни спортови, додека предвидена е и една посебна нагарада за спортисти поединечно или екипно кои имаат освоени медали на светски првенства.

Право на стипендија можат да остварат спортистите – државјани на Република Северна Македонија со статус на редовен ученик во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка или редовен ученик во средните училишта во Република Северна Македонија под успов да се жители на општина Крива Паланка, да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски или училишни клубови регистрирани на подрачјето на општината и регистрирани во националните спортски федерации во државата и да имаат високи спортски постигнувања во претходната 2021 година и во 2022 година, се до завршување на јавниот повик.

Стипендиите за талентирани ученици и студенти се наменети по четири за средошколци и четири за студенти, со високи достигнувања во наставата и со успеси од државни, регионални и општински натпревари во претходната учебна година,а за студентите ќе се земе предвид просекот во текот на студиите кој треба да надминува 8.5.

Стипендиите и за ученции и за спортисти се во висина од 3.000 денари и ќе се исплаќаат во период од двет месеци.

Субвенции за превоз во соработка со „Пролетер“ АД, с.Конопница, Крива Паланка ќе се обезбедат за најмногу десет студенти, а субвенциите се состојат од два повратни билети месечно на релација Крива Паланка-Скопје-Крива Паланка.

Конкурсите се објавени на општинската страна на општината, http://www.krivapalanka.gov.mk, а поднесувањето документи и апликации е од 29 септември до 12 октомври 2022 година, во архивата на Општина Крива Паланка.

За сите потребни информации и обрасци заинтересираниte можат да се информираат на наведената страница или директно во општината.

 

 

Големина на фонт
Контраст