Општина Крива Паланка започна со спроведување на јавни работи преку ангажирање на невработени лица со ниски квалификации

Општината Крива Паланка аплицираше на повикот на Агенцијата за вработување за спроведување на мерката 6.2 од Програма за работно ангажирање за вршење на Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, со кофинансирање од страна на Општините.

Во Општина Крива Паланка ќе се спроведува Програма за работно ангажирање на 15 невработени лица со ниски квалификации за вршење на јавни работи кои се од особен општ интерес, а истите се од инфраструктурен карактер и заштита и унапредување на животната средина.

Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од видот на: чистење на речни корита, канали, канавки, јавни површини и јавни пазари, потоа чистење на патишта и улици, собирање на отпад и чистење на депонии, како и кастрење на гранки и подигање и одржување на зелени површини.

Временскиот период на ангажираните невработени лица изнесува 22 работни дена односно еден месец.

Големина на фонт
Контраст