Средба на градоначалникот Алексовски со наставниците по музичко образование

Градоначалникот Арсенчо Алексовски оствари  средба со наставниците по музичко образование,  Милутин Граматиков, Миле Поповиќ, Лариса Жулина-Митовска и директорот на НУ Центар за Култура,  Александар Рангелов. На средбата се разговараше за активностите на студиото за виолина што работи при НУ Центар за култура  од Крива Паланка. Студиото беше  оформено пред околу една година со помош на донацијата од 10 виолини кои Општината ги подари на НУ Центар за култура.

На средбата градоначалникот уште еднаш ја искажа својата поддршка за развојот на музичкото образование, а е закажана и повторна средба на која покрај директорот на НУ Центар за култура и наставниците ќе присуствуваат и родителите на децата кои го изучуваат инструментот виолина.


Големина на фонт
Контраст