Започнаа активности за реализација проектот за реконструкција во детската градинка Детелинка со донација од Јапонската амбасада

Денес во ОЈУДГ „Детелинка” објект ,,Пролетна роса“, започнаа активностите за реконструкција на дел од физичките простории и корисни површини, со средсва обезбедени преку донација од јапонската амбасада.Со овој проект се врши осовременување на условите во објектот  со реконструкција на кујната и пералната, реновирање на тоалетите, реконструкција на подовите, промена ана електричната исталација,  бојадисување и поплочување на ѕидови.

Со реализација на овој проект се унапредува квалитетот на реализација на наставата и престојот на децата. Сега ќе имаме модерано уредена и реконсструирана кујна, градинката ќе нуди храна според сите стандарди, а реновираните тоалети ќе овозможат унапредување на хигиената и подобар престој, а ове услови се клучни за правилниот раст и развој на најмладите во општината.

Големина на фонт
Контраст