Јавен повик за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни објекти

ЈАВЕН ПОВИК

Општина Крива Паланка ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни објекти, поставени од страна на Општина Крива Паланка во центарот на градот (кај Солкарски мост) на локација 62, 63, 64,65, 66 и 67, за престојниот период во тековна 2022 година,  дека можат да поднесат Барање до општината за одобрување на некоја од дефинираните локации во период од 5 дена, сметано од денот на објавување на Јавниот повик.

Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на изнајмување на штандот, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект.

Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на  објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу Општината и корисникот. Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.

Поставените монтажно – демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе имаат можност да бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден во тековната 2022 година.

Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Одделение за урбанизам, сообраќај и
заштита на животна средина

Големина на фонт
Контраст