Авантура парк „Калин Камен“ – регионална туристичка атракција

Развојот на туризмот континуирано претставува едно од приоритетните  стратешки цели на општина Крива Паланка во насока на зголемување на социо-економскиот развој на локалната заедница и креирање на нови работни места.

Со таа цел општината континуирано работи на изработка на проекти и привлекување на инвестиции за развој на туристичката инфраструктура и креирање на нова туристичка понуда во регионот со што се очекува да се зголеми бројот да туристички посети во општина Крива Паланка.

Една од следните инвестиции кои што општина Крива Паланка планира да ја реализира е изградба на Авантура парк ,,Калин Камен,, на Осоговските Планини.

За реализација на оваа инвестиција, општина Крива Паланка има изработено комплетна техничка документација и проектна апликација која што е аплицирана во рамки на Грантова шема 2022-2024 за инвестициски проекти со дигитална компонента, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку СИПР, каде што наведената инвестиција беше одобрена на регионален форум одржан во Куманово.

Проектот со наслов Авантура  парк, ,,Калин Камен,,- регионална  туристичка  атракција предвидува изградба на Авантура парк ,,Калин Камен,, на Осоговските Планини, изработка на виртуелна тура за промоција на туристичките локалитети во СИПР како и други промотивни активности.

Покрај самиот парк, во комплексот ќе бидат вклопени и други атртактивни содржини кои ќе придонесат за привлекување и задржување на интересот на туристите, како што се специфичен ресторант со локални специјалитет, детски игралишта со инклузивни елементи, објекти за изнајмување на велосипеди за моунт-бајк и АТВ за адреналинско оф-роад возење. Дополнително ќе бидат инсталирани и специјални лифт-патеки за најмладите генерации и уредени површини за кампување и извиднички активности.

Големина на фонт
Контраст