Свечено пуштена во употреба пашачка патека кон манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски’’

Денес во Општина Крива Паланка свечено беше пуштена во употреба пешачката патека што води кон манастирот Св.Јоаким Осоговски.

Изградбата на пешачката патека се реализираше во рамки на  проектот „Одржливо искористување на културното наследство на Дупница и Крива Паланка“ преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка.

Oваа патека во должина од 885,3 метри и овозможува промоција и подобрување на туристичкиот потенцијал во општината како и промоција на нашиот манастирски бисер која е главна туристичка атракција во Крива Паланка.

На свеченоста присувствуваше заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, министерот за земјоделие Љупчо Николовски, како и преставник од амбасадата на Р.Бугарија, Петар Петков – прв секретар за култура и образование.

Во оваа прилика градоначалникот Сашко Митовски се обрати пред присутните гости и изјави:

-Задоволство ми е што како општина досега успешно имаме реализирано повеќе од десетина проекти со кои се инвестирани над 3 милиони евра Европски пари од програмите на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, Косово и Србија, а сите придонесуваат кон областа на туризмот и културното наследство во прилог на поголема атрактивност, како туристичка дестинација на нашата Крива Паланка.

Последниот во низата такви проекти, кој целосно го промени ликот на градот, беше изградбата на централниот градски плоштад и парк, како дел до проектот „Крива паланка-Источна порта кон Европа-атрактивна туристичка дестинација“.

Како локална самоуправа на Крива Паланка работиме паралелно на повеќе сегменти на унапредување на туризмот и особено промоција на манастирот Св.Јоаким Осоговски, како туристички бисер на градот, но и на атарктивните Станечки Водопади, кадешто со друг прекуграничен проект со Лесковац, Р.Србија уредуваме патека која ќе го поврзува и овој туристички локалитет со Калин Камен, каде е палнирано да се развие зимско-рекреативен туристички центар.

Остануваме да работиме неумроно на оваа цел, кон која несомнено, значаен придонес добиваме од оваа атрактивна пешачка патека која му дава нов импулс на рекреативнито сегмент на овој предел, со раскошна природа и чист планински воздух кој никого не остава рамнодушен.

Уживајте во убавините на нашата Крива Паланка, рече градоначалникот Сашко Митовски.

 

Големина на фонт
Контраст